Откако подразмислив малку, реков: - Јас веќе имам три девојки од моето одделение, ама не сум сигурен дали тие знаат дека ми се девојки.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас немам љубовник, ами имам... (Фроса, Кате и Паре ја прекаднуваат со песна) Запеале три девојки една не пеи.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во таа година Балзак објавува една од своите сто и повеќе книги (Чичко Горио), и со заслуга на Василиј Априлов во Габрово е отворено првото бугарско народно училиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)