три (бр.) - дете (имн.)

Остана Ленка да плаче, да кука, со три деца.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Чанга живо продолжи: – Си било едно семејство со три деца и седумнаесет кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нашиот учител имаше три деца и една козичка, Мила.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога сме кај трите деца, од нив почнува една драма која ќе ги засегне и нивните внуци, па дури и правнуци.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Нина го сакаше зашто чувствуваше дека се обидува трите деца да не ги закине за ведрите страни на детството и младоста, машките толерирајќи ги во палавостите, но и во ноќните мокрења што му се вратија на помалото братче кое и самиот трпеливо го преслекуваше шегувајќи се и терајќи го уплашеното дете на смеење, додека неа ја поттикнуваше на дружење со генерацијата, на излети со сокласниците, давајќи ѝ, секогаш кога ќе посакаше, пари за посета на приредби и претстави, дури молкум, правејќи се дека не разбира, и за матинеата што спорадично се случуваа, а на кои секогаш ја наговараше нејзината најдобра другарка Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Куќата ја напуштаа како да одат на кратко патување, а не во егзил со непознат крај.  „Сè ќе биде добро”, изговори Карер, повеќе за да си ги успокои разбрануваните емоции и да ја пополни непријатната тишина.  „Тоа го знае само Оној што нè гледа и во оваа темна ноќ”, рече рабинот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Лука Карер пристигна во првата квечерина и ги најде како тој, жена му и трите деца, го очекуваат во нивата куќа, со спакувани куфери, подготвени за скорешното заминување под закрила на ноќта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сето тоа дополнително им одговараше на сурушите затоа што масите лесно се контролираа, но и на самата власт која пропагираше здраво семејство и три деца, а лицемерно потпикуваше искривоколчен медиумски отпад.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
(9) Направен е во потполност од сперма која несомнено му припаѓала на самиот Дишан; една трогателна и брилијантна порака за жената која ја сакал, но знаел дека не може да се ожени со неа (таа веќе била мажена и била мајка на три деца).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури кога Марија Мартинс го изнајмила својот примерок на “куферчето” за изложбата на Дишановата “Фонтана”, одржана четири години пред тоа во Менил Колекцијата во Хјустон, потврден е хемискиот состав на “Своеглавиот пејсаж” (дотогаш беше само претпоставуван од страна на Еке Бонк, германски уметник и професор кој бил запознат со делото и во тоа време пишувал книга за него.) okno.mk | Margina #4-5 [1994] 111
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А во селото останаа само едно две или три деца. Незаодени, неодлачени, нетргнати од гради.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имале три деца - два сина и една ќерка. Ќерката по име Анастасија била многу убава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Примерот гласи: „Замислете три деца и една флејта што секое од децата ја посакува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се прашувал вака ли минувал секогаш заводливецот на жени - поразен. Скоро лазејќи се повлекол од сенката под која лежел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Бегај, реков. Не сум јас невеста ни за гол ни за натоварен младоженец со три деца и не сум жена што легнува пред секој што ќе ѝ тропне на врата со коледарска ластегарка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе се искапам. Во торбата имам чиста кошула и нови чорапи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Три деца и жена му од тешка болест лежат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така Симона се задоволи со тоа што во дваесет и третата година објави повлекување од музичката кариера, роди три деца во бракот со членот на парламентот Никола Руневски – Рунето, и почна да ги полни страничките на забавните магазини со фотографии на нејзиниот скромен семеен дом.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Овие две повеќекатници коишто со своите прозорци се гледаа очи в очи, го стеснуваа видикот, така што не можеше да се види ниту светла рига од небото горе, ниту црна рига од земјата на влезот во градината, оградена со железна решетка таму долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Истиот ден кога Бути се исели од сопчето на госпоѓата Нини, како гром од ведро небо луѓето ги погоди веста дека госпоѓата од третиот кат на соседната зграда, госпоѓата Маши, ги напуштила мажот и трите деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одново запаленото светло над тажната трпеза тогаш повторно го осветли празното сопче отспротива, но некако сенишно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што бара? Сопчето, сопчето, ако не е издадено! Не, не за себе, не за да живее во него!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А мене сега, кога станав повозрасен, веќе не ми е јасно зошто сум ги кажувал тие зборови, зошто сум се шегувал...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Виде семејство собрано околу трпезата: трите деца и таткото веќе беа седнати, мајката сè уште стоеше и ги послужуваше, обидувајќи се – како што можеше да открие според нејзините движења – да ја задоволи нетрпеливоста на двете постари деца коишто мавтаа со лажиците и се врткаа на столчињата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А потоа пак се запали светлото над тажната трпеза на која еден татко, зашеметен од болка, ги набљудуваше вомјазените лица на трите деца коишто не се осмелуваа да погледнат накај вратата низ која мајката влегуваше секоја вечер, носејќи чинија што испарува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Цела лажица пикна в уста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега Надењка е веќе омажена; по волјата на родителите, или пак по своја волја, – тоа е сеедно – за секретарот на благородничкиот фонд за старателство и веќе има три деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајката и трите деца погледнаа во неговиот прозорец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имам жена и три деца. Најстарото од нив нема уште ни шест години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На пазарот за робје ги видов утринава моите три деца и жената, во синџири, во рани, во партали, ги видов јас, ама ме видоа и тие, мил господару, а очите им засветија од радост и надеж дека ќе ги спасам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бошко беше среќен, ги откупија неговите три деца и жената, ги спасија од пазариштата на робја на Крит и во Едрене, каде што сигурно ќе ги однесеа, зашто таму цените беа повисоки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само душава моја е столчена, а телото изгазено, зашто сум далеку од моите три деца, кои ги оставив во племњата и в раце на Османлијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пред да се омажам, во семејството на моите родители, како најмала од трите деца, бев многу галена, сите ми угодуваа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Само што Анѓа не беше толку очајна како Сирма, зашто имаше три деца, та се надеваше белким некое од нив ќе најде живо ако се врати.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ила, да ги види трите деца заедно, та душа нејзина!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста им осука кора, им испржи и колбаси, ги наруча сите три деца, и кога тие јадеа слатко на тарунчето на чардакот, таа ги погледна и се заврте на другата страна да не ѝ ги видат солзите што ѝ навреа на очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прадедото Хаџи-Васков беше застрелан од атентатор на скалите од својата куќа и пред очите на десетгодишната ќерка, најстарото од неговите три деца.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Понекогаш ги чував сите три деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ние бевме три деца дома, но тој беше највозрасен, токму тоа лето наполни 15 години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Имаа три деца, две девојчиња и едно момче на кое што му го дадоа името Тома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа беше Изабел, мајка на три деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Еден петок одкако Бертран ги донесе момчињата од интернат Госпоѓа Изабел ме замоли да останам со трите деца затоа што тие двајца имаат договорено вечера со приатели.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во моето потесно семејство бевме три деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Токму тогаш одотаде нивјето наидоа три деца од оние што доаѓаа на училиште.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)