Само немој да забораваш, продолжуваше понатаму, дека во себе носиш барем едно од оние мои три зрна, а местото, каде што го носиш него, не ќе да е многу згодно за тебе, штом продолжуваш да крвавиш вака, по целава оваа долга трага.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Светло сината мека капа, скоро потоната во долгата грива, чии немирни прамени, како кадрави јазици темен оган, ја зајакнуваа нескротливата енергија во очите, беше украсена со три зрна бисер, одземени од школките на најтоплото море.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Му се стори како да си ги чу сите свои три зрна како се слизнаа од кожата на нерезот и како иссвиреа во воздухот, рикошетирајќи, чиниш погодиле во гол камен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој, другиот, да стоеше малку подалеку од мене, во оној миг, додека јас не стасав до чамот, и да му закопаше барем уште три зрна во ребрата, додека беше далдисан по мене, оној прекрасен, оној судбински самјак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)