Го отвори шишето шампањско според автентичниот ритуал, се слушна малата експлозија, тапата невидливо одлета, а пенливото вино претечуваше од трите чаши.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој што ја водеше истрагата, имаа луѓето трпение да губат цели денови за да го натераат човеке да признае дека изустил збор-два нашински, на масата држеше три чаши.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Едниот од браќата, незадоволен од незавршената ноќ, трипати едно подруго се охрабри: три чаши беа скршени крај нивните нозе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)