четири (бр.) - краиште (имн.)

Грмна тука од секаде посилно да го слушнат каурите – пазарџии – и повтори на сите четири краишта, а потоа отиде на средето каде што беа насобрани десетина-петнаесет сејмени со еден буљукбаша. – Овдека, овдека ќе бидат изгорени, испечени, на ова местоооо! – се провикна и ги виде најревносните пророкови синови каде носат, не заграби или цепаници, ами товари суви буковици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Илко стана, се заврте спроти сонце, се премрсти, го бакна јазелот од сите четири краишта и му ја даде на Шпира со „аирлија да е саатот" и две солзи во очите, а Нешка му бакна рака на Шпира.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)