четири (бр.) - пушка (имн.)

На Велигден од Кавадарци дојде еден другар со магаре и Мане Шнајдерот му товари четири пушки и два снопа со ражањи на магаре и го испрати по реката Луда Мара.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)