Сакав да направам структура што ќе се одликува со механичност, бидејќи веќе во првите четири секунди можете да претпоставите што ќе се случува во филмот, после тоа ништо друго не преостанува. (...) ”Причината и последицата” - во смисла на 18 век и вашиот интерес за него, според Дејвид Хјум, кој зборува за тоа во Истражувањето за човечкиот разум - секогаш се испреплетени со целиот тек на вашите визуелни и нара тивни заплети, по пат на броеви, јазични игри и цитати од историјата на сликарството.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Можеби црвената чанта се затресе во скутот на Ана кога возот прв пат прикочи, можеби само здодевноста ѝ ја придвижуваше раката до праменот што ѝ паѓаше преку челото; во текот на тие три- четири секунди за време на кои возот стануваше неподвижен во перонот пајаците ми ги забија ноктите на кожата од бунарот, за уште еднаш да ме победат одвнатре; кога Ана се исправи со едно единствено чисто движење на телото, кога ја згогледав од грб меѓу два патника, мислам дека уште еднаш бесмислено го побарав лицето на Маргарита врз стаклото осветлено со заслепувачките светлини и движења. 61
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)