четири (бр.) - страна (имн.)

Уште од рано Деницата излезе јасна, како солза, и со своите искри разнесе на сите четири страни вест дека овој Велигден ќе биде насмеан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
* По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал аскерска бурија откон Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кому не му чини, ене му и патишчата на сете четири страни, џенем ако сакаат нека ватат! — остро одговори Толе и си ја продолжи својата арамиска работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според тој план Бахтијаровиот одред ќе ја опсади чуката од југ и запад, а тој на бимбашијата, од илјада војници, ќе ја опсади од север и исток и така, заградена од сите четири страни, ќе се нападне на знак од Бахтијара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Распратија понекој од селаните со задача да проверат што има — што нема по селата, но овие се враќаа со извештаи дека ништо особено ни виделе, ни чуле, освен трагите од зимошните зулуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А утредента, кога зората го покажуваше своето невестинско лице и петлите од четирите страни на селото го огласуваа раѓањето на новиот ден, Бојана ги колнеше и зората и денот, кои сакаа безмилосно да ѝ го грабнат љубениот маж. Ѝ се сакаше таа ноќ никогаш да не се сврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кај луѓето во егзил брзо во свеста проработува системот на асоцијации, заедно со обземеност од интуиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во гастрономските листи на цариградските султани се наоѓале имињата на најдобрите јадења од четирите страни на империјата, се мешале зборови и вкусови на јадењата на Ерменци, Грци, Черкези, Евреи...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Изроди мали пајаци и развеј ги на четири страни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Израснуваа над него, во сета своја височина, четворица луѓе, од сите негови четири страни, а после се наведнуваа и го спуштија врз тврдината на смрзнатиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Прекрсти се на сите четири страни, заинтересирано го учеше Баждар од автомобилот и ја цицаше влажната цигара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дине Бочаровски испружен во калта со сите четири на сите четири страни!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Поп Јаков се испушти пред скромниот калуѓер. – Само по еден начин можат, оче, да дојдат кај нас ако нападнат од сите четири страни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Им ги кажа сите имиња на водачите на бунтот, а особено подвлече каде е слабата страна на отпорот – да се нападнат од сите четири страни: на Чебрен, на Светецот, откај Скочивир и Тиквешко.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Махмуд Дарвиш не му се обраќа во своето пеење само на палестинскиот народ, распнат на четирите страни на светот, туку се обраќа и на меморијата на еврејскиот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ситуацијата отсекогаш остануваше комплексна. Вистински Гордиев јазол!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинскиот народ во овие услови ќе се соочи со два големи егзодуса (во 1948-та и 1967-та), кога не само што ќе биде истеран од својата земја, распрскан на четирите страни на светот, главно во логори за бегалци во мизерни услови за живеење, зависни од репресивните арапски режими кои го инструментализираа палестинското прашање за свои цели, но, исто така, и пред упорното одбивање да се признае историската неправда што му беше нанесена на овој народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Четворица сме, исто колку страните на светот: јас, жена ми, ќерката и синот: играме шах, но не двајца, туку четворица и одеднаш: Четирите страни ги симболизираат играчите на чутуранга, страните на светот, магичниот квадрат, семантиката и семиотиката, а бидејќи и чутуранга има правило, низ некаква стаклена изѕирка на магичниот квадрат она што може да се види се гледа: песочниот часовник и истеченото време и змијата на која ѝ нема спас од границите на квадратот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Биографии Едгар Алан ПО (1809, Бостон – 1849, Балтимор), САД.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да се узнае, да разгласат за случката чудна, на сите четири страни!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Колку богомолен човек е Иван Иванович! Секоја недела тој го облекува палтото и оди во црква.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом влезе во неа, штом се поклони на сите четири страни, Иван Иванович обично се сместува на крилосот и многу добро потпевнува со бас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)