По решението, со кое, своевремено, Татко се именуваше за социјалистички судија во Судот, ова беше второто значајно решение, ако не и најзначајното, во преостанатиот дел од неговиот живот и од животот на неговото семејство.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Авалеџиата ми беше втор Турчин по редот шо го оплеска, ама душата не ми седи мирно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мирисот на таа продавница ми беше втор порок, после цигарите.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Со Славица не се познаваа многу, ова беше втора нивна средба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бидејќи ова беше втор пат оваа недела моите утрински моторни способности да се тестираат на овој начин, бев поттикната на мала самоанализа.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Првиот бакнеж за неа, всушност, беше втор.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ова беше вториот клучен момент, а се надеваше и последниот, кога ќе мора да се јави на посебната линија за да каже што одлучил.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тоа беше втората темница без дно.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога студирав во Скопје еден пријател ме однесе на едно вакво модно дефиле, ова ми беше втор пат.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Значи, пред да почнеме, да ве потсетам уште еднаш, се викам Ричард, само не сум сигурен дали сум првородениот на мајка или бев втор, трет или четврти дојден на свет (а може имаше и некој друг после мене).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тој ќе се насмевнеше и ние продолжувавме да чкрипиме по мразот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога сестра ми беше второ, а јас шесто одделение ни купи лизгалки адидас, бели.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ова беше втората посета, по дамнешната прва куртоазна средба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа беше вториот пат, воздушен, духовен пат, лесен, полесен од снегулките кои, паѓајќи одвреме-навреме ја прикриваа тенката таинствена линија.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И навистина загина на Плетвар. Тој беше втор што загина од нашето село. Така заврши со чизмите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа тој зборуваше: Другари, другари, верувајте јас ќе загинам. Не може тоа да ми излезе од глава.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Погледни го Серјожа, - тажно ми велеше мајка ми, - момчето работи, ја заслужува љубовта на раководството, знае да разговара, слободно се однесува во друштво, свири гитара, пее.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А ти? Обесхрабрен од ваквите попречувања, јас веднаш ѝ приоѓав на гитарата што висеше на ѕидот, ја удирав струната, започнував да пискам со ужасен глас некоја непозната песна, се обидував да бидам послободен клоцајќи ги ѕидовите, но сето тоа беше лошо, сето тоа беше втора сорта.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)