бев (гл.) - зароби (гл.)

Дури таа претресуваше и одеше од местото, каде што беше заробен пленикот на запад, Гоце со пленикот беше на исток.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Старата беговица, мајка му на Назлам-бег, цели три ноќи не склопи очи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но за момент тој не гледаше во нејзиното тело; очите му беа заробени од пегавото лице и од неговата малечка, смела насмевка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како умот со години да му беше заробен во волшебната кутија за инстант заклучоци – телевизорот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сочинителот сега, со помош на светиот крст беше заробен во делото свое, а не мушичката чтение што чини!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стрела, која за сето време на неговата болест беше заробена во оваа просторија, радосно заквичи и му се сплетка во нозете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Паметам, пред триесетина години последен пат натрупа голем снег, та цела зима бев заробен во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ним им беше заробен изворот Бистар Кладенец, нивното најмило место во планината, каде што ги поминуваа сите свои денови.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)