бев (гл.) - којзнае (зам.)

Додуша Ратка не беше којзнае колку убава и имаше 30 килограми вишок, но тоа не беше проблем да не го делат заедничкиот кревет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Всушност не беше којзнае колку интелигентна, но парите од татко си го сторија своето.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, ни аргументите на Владета не беа којзнае колку цврсти, освен оној цитат од записите на Нико Кочов кој вели дека, по убиството, Никола Поцо бил “фрлен скраја во гробиштата“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
До пладне имаше уште неколку задачи за вршење, кои не беа којзнае колку итни, но кои во секојдневниот живот во колибата мораа да се свршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не дека порано беше којзнае колку широко наоколу, но таа залегна таму, а сега самиот ѕид и тоа зошто беше граден, не ја веселеше и ја теснеше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тетка ми Оце, Дена и јас се стискавме одзади, меѓу патните торби, кесиња со храна и играчките на Дена, и не ни беше којзнае колку удобно, ама ништо не можеше да ни го расипе доброто расположение.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сега сме на куп сите женски од нашето семејство – забележа тетка Ане, видно задоволна од тој факт.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ма, да не се лажеме, нека биде меѓу нас, ама Јадранка и не беше којзнае каков авантурист или екстремист, ниту пак беше компулсивно - анксиозна, ниту пак беше премногу амбициозна, ниту пак имаше преголемо IQ.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Девојчето не беше којзнае што и Грдан дотогаш не ја ни забележуваше, но сега одеднаш му се стори некако мила, дури и убавка, како полско ситно цвеќе што одеднаш замирисува од високата дива трева.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еднаш, а тоа не беше којзнае колку одамна пред да го забележам пишувањето на Грофот, имав видено цела една поема запишана во школска тетратка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колку што можев да распознаам од сликата на сеќавањето ракописот беше мој!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)