Така беше адет тогаш: кога се прави нов поп, сите пријатели да го поткрепат за да се приближи и тој до старите попови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таков беше адетот, а и мајка Ленче никогаш на слава кај деверот не одеше со празни раце.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Таков беше адетот кај сите бегови: да држат по едно младо („живинче") во кулата, да се знае дека се чифлигари и дека имаат измеќари за секаква работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На збогувањето го одврза ќесето, и како што беше адетот, ги дарува двете деца по три дири, сестричињата од Мирчета по две, така што при самото излегување на Мирчета од дома, на Мирчевица ѝ оставија десет лири. A со десет лири во тоа време се живееше десет месеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)