бев (гл.) - живот (имн.)

Сега, сеќавајќи се на сето тоа, мислиш дека сè е залудно: Ниеден ветер веќе не може да го стигне животот зашто и самиот е само здив и ветер... Tohu va bohu. Tohu va bohu 2 Книгите недочитани, соништата недосонувани - тоа ли беше животот?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Книгите недочитани, соништата недосонувани, тоа ли беше животот?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се сеќава, памети птицата пустошат околу неа сега кога беше живот... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Какво ли тоа завештание запишал животот во нејзината крв па сега птицата се сеќава на песната на нејзините деца и колве заумни трошки од светата трпеза на стеблото кое веќе го нема...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Животот во Прифатниот центар за Илона беше живот во еден посебен свет.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој свет таа не сакаше да го споредува со ниту еден од световите во кои живела пред тоа и токму затоа неговата посебност, во таквото поимање, добиваше во значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потем, како и пред тоа што течело, потече кон своето безизлезно дно - и звук, и движење, и сѐ што беше живот, надеж, искушение.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дури повеќе и од оние најстрашните на мајка ми, што ги земаше за да си го продолжи животот, што и не беше живот туку мачење и обврска да нѐ испрати нас трите на патот наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И како ништо друго да не беше живот освен меко претрчување на невидлив стаорец и некаков шум на ноќна птица врз покривот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа што некогаш беше живот сега навираше и наоѓаше место во мислите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И не беше веќе изгубеност, беше живот пред смрт, искра пред згаснување.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако пишувам за тоа каков ми беше животот во домот ќе напишам не една тетратка, ами не знам ни јас колку...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Штета што на телевизорот нема брисачи. А во Брно, брат, беше живот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гаќи, можеби ќе речете, но за некого тоа беше живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
2. Врз папокот времето си седнало За дома да си дојде ожеднало Ни првата година не мина во резето на душата болест зина, уште спомените топли ми беа животот облече страдална дреа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А Мајка виде каков беше животот и кај нејзините во Јанина, а особено во Солун, кај вујко ѝ и кај вујна ѝ, Италијанката Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)