бев (гл.) - клуч (имн.)

Да, тоа беше клучот на причината зошто луѓе кои на моменти беа маќепсани од мојата внатрешна убавина и сјај кога сум среќна, следниот момент кога ќе ми згасне жарот и огнот во душата сето тоа се претвора во прав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ова место беше клуч – тврдина за да не помине непријателот на Вичо, како што гласеше паролата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тука – допре до нас неговиот глас – беше клучот за портата што води кон Преспа и Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ама нели ништо не е случајно во овој толку предвидлив свет, па лидерот се беше заплеткал во хартијата за да биде поблизу доведен до пораката која беше клучот на нивното преживување како засебен ентитет.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)