бев (гл.) - надеж (имн.)

За ова последното, мали ѝ беа надежите... * * * Веќе подолго време, Марија помагаше во кујната...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мала ѝ беше надежта дека нешто ќе се измени до средбата попладнево...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мала беше надежта, дека внучето ќе роди некакво чувство кај нив. За него. За неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пишани документи немав, но ми беше надеж фактот што еден странски патописец се обрнал кон Маказар и пишувал за него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа ми беше надеж и кога прекина да ни пишуваш и кога ти се загуби секаква трага и не знаевме каде да ти пишиме...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако надежта што му ја даде попот Ставре, беше надеж на болен кој кога-тогаш ќе оздрави, тагата на Марко, како клепало на порта, везден го потсетуваше дека е сардисан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сѐ помали беа надежите да се вработи. Скоро никакви.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)