бев (гл.) - точка (имн.)

Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доцна разбра дека сè почнуваше и завршуваше со Андон, дека Андон Клековски беше точката што го затвораше кругот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Благодарение на врската со Сврделот, јас имав можност да влезам во неговата куќа и да си ја одржувам надежта да ѝ се приближам на Гала, на сестра му, која веќе беше точка на дневен редна еден од состаноците на Комитетот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)