бев (гл.) - гласен (прид.)

Тогаш беше гласна, неочекувано гласна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Толку фрштеше врз ринглата и чадеше, што кога влезе во кујната да се поздрави, мајка ѝ не ја ни слушна. - Што е ова? - рече Ема.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Птиците и другите мали животни, кои секогаш беа гласни кога уживаа во бавчите на Адам, се повлекоа во своите гнезда и легла и му дозволија на дождот да го опсади нивниот рај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Шесте жени од Прифатниот центар за странци, што седеа на долгата маса крај каминот, во придружба на Тихомир од Машкото друштво “Осамени срца”, беа гласни во расправијата околу предлогот за легализација на проституцијата, и не беа во можност да го слушаат разговорот што во непосредна близина, во сепарето, го водеа Софија и Киријаз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Средбата со плочата беше гласна од невидливата сила на вибрациите што ја ослободуваа талпата од засушениот малтер и ситните коматчиња тула или песок, кои пак, поради тоа, се распрснаа на сите страни пукајќи чиниш се куршуми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ема се подзамисли. Постоеја две девојчиња што ги познаваше и за кои сметаше дека се прават важни, ама тоа беше затоа што беа гласни и во сите игри сакаа да бидат главни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)