бев (гл.) - запален (прид.)

И да не спомнувам дека сета нејзина разголеност беше запалена и посрмена од онаа одвај видлива трепетлива светлина од газјена ламба!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во собата за прием во која веќе беше запален каминот, на кожната софа седеше стрико Ѓорги и пееше додека син му го придружуваше на гитара.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
VIII дел КОГА СИ ОТИДЕ кадијата дома, ја најде портата затворена, а во конакот веќе беа запалени свеќите и светеа прозорците од горните одаи преку решетките.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се разбира, таа беше запалена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека влегуваше во собата беше како оние сосема нечујни облаци што залажуваат дека ништо не кријат, ништо не носат, но кога наближи и се истури на мене престорувајќи се речен брзак, и кога потоа ме зафати во врелата матица, богами го загубив здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одблесокот на искрите од очите врз водата го изненади: му се пристори, небаре сите свеќи во животот беа запалени и светеа од неговите очи, од стаклените леќи што одблеснуваа, одбивајќи се од водената површина како две мали езера, во кои беа измиени сите покајанија на светот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се ближеа до куќата силни гласови. Кај Хаџиевци беше запалена ламба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)