Таа беше молчелива, нерасположена и дезориентирана. Околу очите имаше големи подочници, нејзиниот лик на ангел некако брзо се измени.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Жолтата куќа на мрднатата вдовица, домот во кој живееше емигрантот, беше молчелива и затворена и оживуваше во мојата фантазија чудни и таинствени слики.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Одговорот посрамено го замолча мајсторот, и потоа бевме молчеливи и тажни и двајцата: тој - што психологот не им помага на луѓето, јас - поради силината на неговата беспомошност.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Браварот беше молчелив дента, кога се појави Арапинот, кој го напиша делото “Талме-Амал-Ал-Хисон”, се сети дека треба да направи пауза и до вечерта повеќе не читаше.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Така например, среде бел ден, на улица, пред влезот во работилниците, тој го здогледа Бан-Абул-Абас-Ахмед-Ибд-Мухамед- Отоман-Ибн-Али, познат арапски математичар со бела чалма.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој беше молчелив, а и тогаш кога ќе прозбореше нешто тоа беше кажано со цинизам и критики упатени кон тие околу него.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)