бев (гл.) - нарачан (прид.)

Сите како што беа в црква останаа на сретсело, кое беше токму до самата црква, и го зачекаа муљазимот да се појави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За гозбите денешни што да прикажуваме: тие беа нарачани сношти за педесет души аскер, за два чауша, пет онбашии и еден муљазим, а сега ги јадоа само шест души Толева дружина и седум членови од новиот комитет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бидејќи беа нарачани од вечер по еден од куќа, а се погоди недела, црквата се наполни со народ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ујгун работа излезе! — рече Толе кога му го предложија ова.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од кај дојде, што дојде — тие ќе кажат дека народот беше нарачан од муљазимот и се собра на сретсело пред црквата, а Толе никна како од земја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И додека Толевци кркаа од бравите, кокошките и мазниците во сред Градешница, муљазимот со аскерот топеше пексимид на Налевата бичкија во Уруп и ги распрашуваше трупарите каде се крие арамијата Толе Паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Комунизмот можеше да живее среќно со модерниот свет кој целиот беше насочен кон зголемување на производството - повеќе челик, повеќе јаглен, изградба на иригациони системи итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас покажував дека фаталната бура за комунизмот беше нарачана од страна на постмодернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)