бев (гл.) - нареден (прид.)

Мирно им се обрати на присутните прво да се послужат од преполната шведска маса, да се поткрепат, а потоа да седнат на столовите кои беа наредени во круг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во црквата Св. Никола ни се отвори доста работа: расчистувавме по работата на мајсторите, Петре некаде домалтерисуваше и довршуваше, па му правевме малтер и му го носевме, му помагавме кога ја правеше масата што ја стави зад вратата во влезот на местото од старата и претставуваше пангар на кој беа наредени свеќите и дискот за пари.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Колку ќе беше среќна коцките да беа наредени како треба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)