бев (гл.) - нужен (прид.)

Татко ги зеде главните списи и книги, кои како небаре на славен морепловец му беа нужни за големото и неизвесно патување по балканскиот океан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Неговите мисли не ги прекинуваа ретките минувачи, кои бргу поминуваа крај него. Не ги ни погледнуваа. Никому не му беше нужен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но тоа за мене сепак беше нужна потврда за да го следам неговото дело.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имаме четириесет и три воденици и ни беа нужни осумдесет и шест тркалезни плочи за мелење. Сега сме помалку. Останавме најтврдоглавите. Дваесет и деветмина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Уште порано пративме човек со нешто пари, ги потсетил Онисифор Проказник. - Тој ви кажал, мислам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нему му беше нужен цврст, непомирлив противник што ќе ги впрегне сите негови сили, што ќе извлече и некаква скриена сила и лутина, а Јурукот се покажа над сите очекувања.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)