бев (гл.) - презадоволен (прид.)

Уморниот полициски комесар Руслан Федари, инаку директор на „Филип Б“, беше презадоволен од финансиските ефекти на неговата фирма во последно време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Андон беше презадоволен од начинот на кој работеше Азра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Зарем не сака да го запознае? - се разочарав во себе, но се потсетив дека Абраш не поднесува мајки и татковци и бев презадоволен од рамнодушноста на татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А двете братчиња, двајцата бестрашни ловци, Митко и Сашо беа презадоволни од денешниот лов.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Бидејќи беше презадоволен од Еда, тој оваа работа му ја отстапи нему со цел да му го зголеми приходот без да му ја покачува платата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека Бошко премираше од страв дотогаш Дико беше презадоволен од работата, зашто таков беше неговиот план: колку Бошко ќе биде поисплашен, толку тие со Лумана ќе можат да бараат повеќе од него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)