бев (гл.) - протеран (прид.)

Откако беа протерани никогаш повеќе не се вратија во Бесвина, Мала Преспа од онаа страна на границата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Издавањето на овој весник не можеше да им се бендиса на српските шовинисти, затоа српските весници подигнаа шум против издавањето на „Балкански гласник” обвинувајќи го неговиот редактор за сочувство на македонските комитети, како резултат на кое тој беше протеран од Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Е, сега дојде време кога ние децата од три до 12 години бевме протерани и така го добивме името - деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Јас имав 10 години, но се сеќавам на секој детаљ од тоа патешествие.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)