бев (гл.) - рамен (прид.)

И секако претставата не им беше рамна на Bili T. Jons (на турнејата по Франција), или на Fela (на турнејата во САД) или на “Мојата убава перачка” (сега многу гледана на телевизиските екрани).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ставаше во голема каца зелка, зелка што алтан не ѝ беше рамен, а во земјени ќупчиња и разни туршии и речели, направени со тикви, шира, дуњи и мушмули, а од свинското што не смееше да се продава по касапниците, зашто и касапите беа само Турци, Тодора нареди да се направат пастрма и суџуци, та кога скришум ги направија со неговите три жени, скришум и ги пренесоа есента со товарни добичиња од селото в град.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неговата снага беше рамна и висока колку за двајца обични луѓе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па она спортско сако на широките раменици, како да беше излезено од некое модно издание. Ма, манекен не му беше рамен...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вистинските пријателски врски за Ивона беа рамни на светост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Патот кон ѕвезденото јато беше рамен. Вечноста двајцата ја држеа на дланка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакаше да влегува во нерамноправен дуел со некој кој барем во интелектуалниот однос не му беше рамен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)