Нема врска, и онака ништо не би разбрале. Повеќето беа русокоси.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кога наврши Милица двајсет години, со одобрување добиено од татка ѝ Ѓорета од затвор, се посврши за некое момче од Прилеп, а само по еден месец по свршувачката, умре, одненадеж.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И двете беа русокоси, високи и стројни како самовили а умреа во најрадосно време за една мома и за нејзините, кога беа свршенички.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ребека беше русокоса. На лицето веќе ѝ беа врежани првите брчки.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)