бев (гл.) - успешно (прил.)

Сѐ беше успешно: и концептот, и од песните особено на крајот - Ех, тој Тоше!- ја пееше Нина, ама со неа и сите присутни.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во првите седум акции што беа успешно изведени Раде не беше допрен ни со едно зрно, но во осмата и деветта спечели дури четири рани со кои, заедно со претходните четири, спечелени во комитлакот, опасно ѝ се приближи на десетата, што гатачката веќе му ја имаше проречено како последна и кобна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Голтањето беше успешно и незабележливо, како улога која соодветствува на карактерот на самиот актер.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Оваа Таткова стратегија за нашето школување се покажа како многу мудра и таа беше успешно спроведена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никодин уште во Куманово беше "обработен" од Светлана, така што на големо изненадување на Рада, неговиот бес беше успешно канализиран.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)