бендиса (гл.) - некој (зам.)

А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Еве, ги молев да влезат палениве госпоѓици, реков белки ќе ме бендиса некоја да фрлам око и да ја земам, ама се заинаетија и не влегоа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако ме бендиса некоја ќе пуштам стројница, како што е редно, и ќе ја барам. (Жетварките се смеат.) Пак таа што ќе ја побарам, ако не ме бендисува, нека рече не го сакам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
(На жетварките, кои, откако почнаа со пеење, седат накрепени на прозорците и со половината внатре.) Ама се заинаетивте: не влеговте внатре да бендисам некоја.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Коа чу тие зборои од царо, зеде пари колку што сакаше и тргна по цареа земја да бендиса некоја девојка и да се жениит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа ислуша тие зборои сонцето од момчето, се зачудило и си рекло со умо оти зет ќе му биди.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Царев син му кажал на сонцето како што нпраил татко му еден ауз со шербет и поканил сите девојчиња да си леат шербет бадијала за како од како тој да бендиса некоја убаа девојка и како што врлил со јаболко на корупката од јајцето и како што го проколнала старата да земи неродена од мајка девојка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По сите градои помина во своето царство и нигде девојка не бендисал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)