бил (гл.) - резултат (имн.)

Според Ламби партизанскиот успех во оваа фаза пред сѐ бил резултат на големата супериорност во оружјето и нивната поголема мобилност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но и на поразените владетели? се огласи Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во историјата на човештвото, големите победи на владетелите, кои често се претставуваат како резултат на генијални стратегиски планови, често биле резултат на чудните и случајни одлуки според нивните табиети!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зошто уметникот се согласил на овој сојуз, кој ги изненадил дури и неговите најблиски пријатели, кога неговиот презир кон бракот бил добро познат?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јасно е дека бракот бил резултат на спогодба, таква со која ќе се задоволат барањата на мајката на невестата, која не сакала да му даде развод на својот маж пред нивната ќерка да се омажи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нејзиниот немир бил резултат на средствата доделени за изградбата на бугарскиот „Лувр“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Постигнатите резултати, во овој период, пред сè, биле резултат на работата на ПК на КП за Македонија и Покраинскиот Воен штаб, кој во јуни 1942 прераснал во Главен штаб на Народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За непосредно раководење со партизанските одреди, пролетта 1942 бил формиран и Оперативен штаб (како орган на Главниот штаб).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓу нив преовладувало мислење дека пожарот бил резултат на прскање на парните котли на бродот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Паробродот бил запален претходниот ден околу 11 часот претпладне, но граѓаните, сметајќи дека тоа било резултат на дефект на машинското одделение, не биле вознемирени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа тој го потврдува и со својата опсервација дека ако се одржи слободен и фер плебисцит, тој би резултирал со формирање на „слободна Македонија“, а со тоа би се анулирале „грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според него, повлечените граници биле узурпирани, а фактот што немало „независна македонска држава“, според Еванс, не бил резултат на отсуството на македонскиот патриотизам туку со право може да се смета дека е тоа „една од грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)