Во таа гужва, плач, пискотници, помешани со страв за опстанок, на кого му било до женидба?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се обидов да му објаснам дека не било до тоа што ме гребнала и гризнала мачката, туку до тоа како се однесувала мајка му со мене, но тој само превртуваше со очите и одвреме-навреме ќе ме прекинеше да ме праша: - Добро, и што точно ти направи? Кога точно?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Џвака сланиничка и потпивнува вино, чепот му бил до уста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дури и манастирска пастрма му се сладела. Еднаш, ноќе на сам Велипеток, некојси калуѓер го стапнал човечето зад бочва.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Постојано и за што било те фаќа и вели: „А зошто ти така; до кога ти така; како си смеел; што мислиш ти; каде си бил до сега; зошто си се тепал, и што ли уште не.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ја видов и Маци како се качува врз масата и како почнува да јаде од чинијата на свекрва ми, ама ништо не реков.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)