блесне (гл.) - и (сврз.)

Треперливо блеснува и наеднаш пораснува, исфрла нагоре искри и го разбива мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Брилијантите од прстените блеснаа и ѝ го засенија погледот на Мискарица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ што ќе замисли пладнето ќе блесне и ќе се роди од залезот што бега со таа течна леќа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Перса ја отвори куќата, ги лсна светилките, една блесна и врз масичето закачена високо во гранките на јаболкницата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И тогаш грмна еден рафал напред и еден смок блесна и се испружи испокинат на патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)