буди (гл.) - секој (зам.)

Долгата линија на надежта при исчекувањето ја испресекуваше стравот кој ме будеше секое утро, стравот кој не спиеше и ме мачеше и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас му верував на Рајнер дека ќе се врати, но стравував дека очајот може да го фрли во непостоење од кое не ќе може да го исполни ветувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Морам, оти полека умирам во себе, и кога еден ден навистина ќе умрам, нема ни да почувствувам, оти одамна веќе јас нема да бидам јас, и некоја жена со која ќе одберам да се будам секое утро, веќе одамна нема да ја гледам како жена, ниту пак таа ќе може да ме спаси од тоа долгогодишно згаснување...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сестра ми се будеше секоја ноќ и секогаш со исти зборови ја започнуваше истата приказна: „Ова е крајот на Европа.“ „На Европа многупати ѝ доаѓал крајот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)