вдахне (гл.) - живот (имн.)

А неговиот воз на спасувачки санки во Das Rudel, 1969, ја сугерира потребата за спасување и за исцелување на раните од детството.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го презентирате Бојс како голем скулптор, а не само како страшно ком­плек­сен уметник во трансформацијата на уметниковата социјална улога и при­стап.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што го привлекло детето била интиуцијата за неговата сопствена историја и време и за присуството на нешто што никој не го забележал”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност Бојс бил тој никој, како што, по мое мислење, бил и мртвиот зајак во wie man dem toten Hasen die Bilder erklart - тој сликите што ги направил како возрасен човек му ги објаснувал на мртвото дете во себе, за во нив да вдахне живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дотогаш немав сретнато друг уметник кој бил толку комплексен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс имаше визија, имаше иднина, и со својата енергија ѝ вдахна живот на европската култура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Фракталните компјутерски слики повторно вдахнаа живот во овие области овозможувајќи нови математички откритија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Иако беше свртена кон мене иако не можев да и ги видам очите,таа гледаше преку мене и низ мене чекајќи го оној, вистискиот, да и вдахне живот, да врати крв и надеж во нејзиниот призрак.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе цитирам уште една од пораките стари Што збунува за жал: Свлечи го срамот од одеждата Господ што ти ја подари Откако ѝ вдахна живот на творбата од кал!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, жената излезе на прозорецот само за да го види него и сигурно затоа што беше забележала дека и тој е на својот затемнет прозорец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)