Беше многу рано, иако стемнето, за да се затвори во колибата и да се осами уште повеќе отколку што беше, па ги задржа кучињата во тремот, фрлајќи им и по некое парче сирење, за што, кога би го видел дедо му, убаво би го искарал.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога ја виде дедо му Аврам, му рече: ”Не носи во градината диви билки, не загадувај ја”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Прво слушна силно, непрекинливо кашлање, потоа го виде дедо Иван како седи крај распламтеното огниште и се труди да ја смири кашлицата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доста дојде. Кога ја виде дедот Петко, изненаден заблеа: — Море ми, ваа ли е, или а смени со некоа, бре Ило?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гледам полнат вода со моето котле и кога го видов дедо ти, како го освестуваат со водата и дека е цел во крв, синко, кога ми дојде една сила, сум зела една ластегарка и им викав: Што правите бре турски кучиња, уште тоа ли ни требаше?!
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ја виде дедо ми и рече: - Ако биде риболовот побогат, топкава ќе ја купам за моето внуче.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)