Види си рожбата, будала една, немој токо влачиш в'на со умот. И си влезе дома да си го види детето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се извиде и со татка си, ја изгледа и Ката, а кога ги виде децата веќе момчиња крај неа, навистина му се расплака тврдото срце.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога ќе си го видам детето, ќе ми олесни...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Единствено ретко може да се видат деца, нема деца на улица и доколку некаде ќе се видат, нив ги води некој постар, под рака.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во очите на Ивона тој го виде детето, но и возрасната жена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Виде деца како играат по тротоарот: Русокосото беше сонце и токму кога младиот човек минуваше крај него се одлепи од плочникот. Од косата му засветли злато.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Тодора не се потурчи, но идеше во Бразда да си ги види децата, терајќи ја бесно чезата, опасно налегната, како корито под нејзината тежина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога ги виде децата, само почна да мавта со опашката и се обидуваше да му се протне меѓу нозе на Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А сега да одиме да си ги видиме децата и да каснеме некое компирче.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
7. Ја минавме границата и на другарите им кажувам дека во Битола не ме пуштија да си го видам детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
6. Во Битола ќе подзапреме да си го видам детето. Ивана мој.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Господе златен, и во своја земја да не можеш да си го видиш детето што умира!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Додека Гзиме одеше да ги види децата, во мигот се сетив на првата тајна средба со Јасер Арафат, пред две неполни години, по предавањето на акредитивните писма на едно тајно место, како прв амбасадор на Југославија на државата Палестина, која офцијално не постоеше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се чудел гемиџијата како ќе бидит тоа дете припаднато во таа ада.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа си го виде детето заклано поголемио брат, многу беше се налутил и тогај беше поверуал оти таа му го заклала детето, та ја викнал пред сите девет браќа и сите снаи и почнал да 'а суди, со голема лутина: - Што је ова од тебе, мори кучке?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Што ми напраи? Ти ми искорна сите дрвца од бавчата, јас ништо не ти реков!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Излегол гемиџијата на суо и го видел детето кај си шетало околу пештерата, се прибрал до него, му прогоорил, арно ама детето не ти знаело никаков јазик.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Видел дете во куќата што гори. И го изнесе на раце.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зашто низ селото можеа да ме видат децата и да ми се смеат.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Кога ги виде децата како им се приближуваат, тој присторе: - Види ги едепсузиштава!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Јоле го виде детето Шаркоско и вели: Чије je ово прљаво дете, детето ми вели: Што ми рече, стрико Јоне, јас му велам: Те пофали, и детето почна да се радува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Враќајќи се еден Велигден од црква, го виде детето Маса Ќулумоска и ме запира. 36
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По опоравувањето од операцијата, кала се врати в село и нејзината куќа постојано беше посетувана од селаните кои беа љубопитни да го видат детето што има запче, а и да дознаат поподробно за оној редок скаменет плод што ѝ го извадиле од неа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)