Кога таа го виде на портата, малку се израдува, но со влажни очи го пречека, оти братчето и го зедоа Бугарковци, та којзнае дали не ќе пропадне некаде патема.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кадаверот, кој сега лежеше на масата како испразнет брод, се уште личеше на себе заради скелетот и главата, со по малку отворената уста и со ококорените, влажни очи.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Им беше оставен аманет, да прекопаат сè ако треба, кога се разболе таа, прекрасната бела невеста со влажни очи, што не научија никогаш да заспијат, со задача да бдеат деноноќно и да ги собираат под себе, на топло, малите ладни рачиња нивни и големите топли нозе негови, за да не му потскокнуваат од немир и од страв.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Поинтересни на изглед од високите мажи беа жените, исто така високи, забрадени, но во елегантни костуми со панталони, со големи влажни очи и усни црвени како пупки.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ги препишувам белешките од нивната посета: И на обајцата им се допаѓа раздвиженоста на градот. – Но овде луѓето само се палат и мавтаат со рацете! А притоа се смеат!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Го почитуваше, се сметаше за негов должник од времето на својата свадба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Раскажуваа дека Неделко Шијак му се пожалил со влажни очи - синовите ќе го остават без каменен крст кога ќе сконча, и зетот му ветил со клетва дека самиот ќе изделка крст поголем и од игуменските во дворот на манастирот Свети Никита, на крстот ископано име со букви - овде лежи божиот човек Неделко Шијак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа можело, значи, да биде причина да им се згрутчува крвта в мозок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Однесете го сега во јама, се прекрстил Симон Наконтик: негде зад него, без некој да му помогне, Васко Тушев го спрегнувал добитокот во својата двоколка и во двоколките на мртвите Јане Крстин и Пецо Дановски и само со влажни очи, понекогаш, барал утеха или охрабрување од мартовската соголеност околу себе: ако бил поет ќе ги испеал најтажните стихови на својот народ.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Низ неговите влажни очи молат две судбини - неговата и на песот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кала издивна со влажни очи: - Не е точно докторе дека на тате не му е жал што го напушта животов...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)