влезе (гл.) - низ (предл.)

Еден жолт зрак од сонцето на залез влезе низ прозорецот и падна преку перницата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стасаа дома. Славчо тивко се мушна низ вратата, за да не ги разбуди домашните а зракот влезе низ прозорот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На оние поличните, особено на црнокосите и црнооките, не им се дозволува дури ни да влезат низ градските порти, туку со стража се спроведуваат по околните патишта до реката, а оттаму со лаѓи – низводно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зарем ова не е чудесно? Сè е како кај Billy Piligrim кој влезе низ една врата 1956. а излезе на друга 1941, за потоа, нешто подоцна, да се најде во 1963.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ние Македонците умееме, ќе можеме да влеземе низ таа врата – ако треба со заби ќе ја отвориме, со остоумноста наша, така што рацете и нозете треба многу малце да сработат, како послушни извршители, активиртаниза целосно дејствување во овој меѓу – период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Син шевролет со кремаст цврст покрив, со бели гуми од страните, со кадилачки раткапни и со вообичаени „кадилачки перки“ , нишајќи се влезе низ една од рампите и застана каде што работеше Бил Девит.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Денес е триесет и први декември. Вечерва Дедо Мраз треба да влезе низ оџакот, во мојот случај прозорецот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На таванот гукаа гулаби, кои есента влегле низ скршените ќерамиди и таму свиле гнезда.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За сите нив таа беше само засолниште, топло место да се презими, да се прехрани, да се размножи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој парите ги држел во некој ковчег на таванот, а овие, таа Митра и овој Војне наш, ноќе му влегле низ покривот од куќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оној кој добил првенство и чест царска да влезе низ неа бил токму таткото на отец Стефан, пречесен и благтоутробен отец Мида, кој од синот свој попрв бил во науките и знаењата, но и во срцето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од една врата влеговме низ друга и веќе бевме во широка одаја, не премногу осветлена, но сепак достатно за да видам необично суштетсво, прилично слично на полип: огромна многуока глава, од која се протегаа долги пипала.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Видов: Светлоста доаѓаше од многуте очи на Мортенија. Малите рефлектори личеа на волшебни кугли. Не трепкаа, си ја менеа само бојата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ако дури и си претставиме нешто што е многу малку веројатно - дека Леонид Барбашин сега ќе ја провали вратата, или влезе низ прозорецот, или излезе како сенка од зад оваа завеса, - ако дури и тоа би се случило, тогаш верувај ми, постои наједноставен начин веднаш сето тоа да го свртиме на друга страна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Другпат му влегоа низ прозорецот некои големи ѕверки со човечки глави и му велеа нему и на жена му: Каде ни е детето?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кадијата зашета низ нив, галејќи го секое по главата, a по него влегоа низ деца и другите агалари и тие љубезно насмеани, галејќи и почнувајќи разговори поединечно и со групи. – Тебе како викаат бре малечок? – го праша кадијата Ангеле Сирмев, мазнејќи му ја бујната црна коса.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дедо влезе низ вратичката, таа се затвори по него и веќе ништо не можев ниту да чујам, ниту да видам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нели кучињата не можат да влезат низ прозорецот на единаесетти кат?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Навтапито ги прескокна скалилата, влегоа низ вратата без чукање или ѕвонење и ја затекоа идната снаа облечена а разбушавена, расплакана и уплашена, како мемоли нешто што не можеше да се разбере.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Без да погледне во таблата на железната порта, Грдан влезе низ неа и се упати право кон зградата, не обрнувајќи внимание на децата што трчаа по издишената топка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ето му го ќосето, влегло низ вратничето; и: -Оо! добре си дошпл - му рекло.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Хааа!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бре, овде пчела, бре, онде пчела, пчелата ја немат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Влеговме низ раскршената врата, а потоа минувавме по просториите на некогашното живеалиште, гледавме во подот, по кој беа расфрлани предмети кои веќе никој не ги употребува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Обидот да се влезе низ металната ограда на менталната поставеност ги истисна надежите на Јужнососедството дека ќе допрат, до рајската градина на едноумието на Македонистите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Туѓинецот ќе ја искористи широкоградоста на небото ќе влезе низ подземни порти и со отров ќе нѐ попрска Scorpius-Ophiucus.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Само јас сум бил повластен да влезам низ главниот влез на Уредот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Момчето се засрами: Парацелзус е шарлатан или обичен визионер, а тој, натрапник, му влезе низ врата и го натера сега да признае дека неговите познати магиски вештини се јалови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој беше тој, Јоханес Гризебах, со осквернета рака да ја симне маската и да открие дека зад неа нема никого?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе ми зоврие крвта, вели, а ми е страв да влезам низ врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)