Десно водеше патот за дома, а лево за паркот. Постоја така нерешителен.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Можело да се поверува дека сака да види нешто во далечина, двоколките поставени една зад друга и терачите на тие двоколки или нешто друго, село или селце кон кое го водел патот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Застанале еден спроти друг, Онисифор Проказник свртен со грб кон своите луѓе, другиот поткренат во седлото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако сте решиле да одите за „Аксарај“, од каде што води патот за Грција и Бугарија, пак морате да минете преку овие мостови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Никогаш не се знае каде водат патиштата на судбината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нема пат за кон никаде. Кон никаде не водат патиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)