Малите оловни војници внимаваа на својот  генерал  застанати со втренчен поглед,  поглед кој не познаваше никого  секогаш чекаа загрижени за него  и кога тој се враќаше гладен и изладен,  искинат и парчосан,  накиснат од грижи и безгрижно уморен,  иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил  зашто неговите победи беа украдени од вечноста,  а противниците воздивнуваа дури и пред неговите  соништа.
               
             
           
            
            
              „Записки“
               од Милчо Мисоски 
              (2013)