И тие на портата од Гнездо ги чекаа да се вратат оние на кои им беше дозволена прошетка, ги дочекуваа со поглед со каков се чека вест од далечна земја, а потоа ги молеа да им раскажуваат за градот, за луѓето, за сето она што започнуваше на неколку чекори од местото каде што спиеја. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Густав ја посетуваше Клара секоја прва среда во месецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само во неколку наврати сонот фати да го совладува и да му ги враќа оние страшни слики, што лебдејќи на самата граница со јавето, тој успеа да ги оттурне.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Секој е пророк во своето место”, помислува додека насмевнат од овие лажни спомени што се случиле само во неговите желби, лежи на својата постела, свртен со лицето кон ѕидот и со грб кон својот цимер кој дише воедначено, и како и тој - Виена, го сонува својот дом не во сегашниот, сив и заканувачки замолчан, ами во еден друг, отворен и радосен, кралскоцарски Загреб.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)