враќа (гл.) - надеж (имн.)

Резултатот врз зелен круг Според симболичкото толкување, зеленото е човечка боја, зошто ја враќа надежта во обновата.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Во градот се веруваше оти ова чудо може да донесе и други чуда. Се враќаше надежта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Козар маало сега сигурно се враќаше надежта...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пандил ја подзема и ја истура. Кај мене се враќа надежта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)