Тој ѝ ветуваше сосема обични нешта, толку обични, што луѓето не ни помислуваат да си ги ветат едни на други.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го слушавме Макс како ѝ ветува заедничка постела во соба со прозорец од кој се гледа улица по која врват луѓе (толку слично а толку различно на прозорците од кои се гледаше парк по кој чекореа пациенти и доктори), ветуваше денови во кои ќе си ги учат децата да зборуваат и да се радуваат, ветуваше колку ќе бидат блиски нивните тела и пред заспивањето и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Најпосле, најстариот брат се искачи на високата дудинка, доволно високо за да ја гледа улицата, па кејот, Калето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)