Се скаменија. Гркланите шумно им се движеа додека голтаа воздух и прашина. „Секако. Тој е доследник.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сѐ уште ги гледам децата прекршени како старци, деца што со мака голтаат воздух, уште потешко го испуштаат, деца што не трчаат туку се влечат лазат по правта, деца што одвај во денот ја отвораат устата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се гледа напнувањето на бицепсите и гастрокнемиусите, здивот се скусува, станува испрекинат, иако тркачот го голта воздухот со полни гради.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Надица ме води до една скромна дрвена колипка на плажата, остаток од импровизиран летен шанк, која ја открила минатиот ден.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Додека Костадинка, Коца, растеше во нејзиниот мев, брчкајќи се во нејзината лошотија, која се дуеше како Тодора со оки да голта воздух, ибн Бајко се прчеше: ете, ѝ го најде лекот. Но, пак се прелажа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)