Понатаму, со промените од 2002 година е прецизирано дека при употребата на средства и опрема за лична заштита при работа секогаш ќе се дава приоритет на колективните заштитни мерки во однос на индивидуалните заштитни мерки (чл. 1), а во однос на евиденцијата од областа на заштита при работа се прецизира дека обврската да се води евиденција за повредите при работа се однесува на оние повреди кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три дена (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)