Со него учеа заедно основно српско училиште, бугарска прогимназија во војната, а по ослободувањето тој се изгуби во некое средно - техничко или стручно - занаетчиско училиште, додека повеќе не го делеа мегданот на граничната полјанка меѓу двете маала, зашто и така веќе не се играше со парталава топка ами со напумпан фудбал и не се трчаше по ретката трева бос ами со износени кондури од постарите, кое браќа, кое татковци, кое заробеници кое борци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Татко му се намурти и додаде: - Мојот Марко Крале делел мегдан со магарето и си ја повредил раката. Така и ти треба, расолко еден.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)