демне (гл.) - опасност (имн.)

Постојано, длабоко во себе, чувствуваше дека е осуден, сам или со семејството, да минува некаква граница мислејќи дека постојано го демне опасност по животот и дека, бездруго, треба да мине некоја граница за да биде спасен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговите жители ги демнат опасности. Прашав какви се тие опасности.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но, Ворхол им припаѓа на оние изразити експоненти на авторство чии следбеници секогаш ги демне опасноста од плагијат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мојата Мајка, небаре со преземениот татков глас, ми ги даваше последните совети со нејзиниот мајчин јазик на тишината: Варди се сине, насекаде демнат опасности!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Морисеј беше тој што ја наследи Ворхоловата бизарна тематика и работа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа непогрешливо му покажуваше каде демнеа опасностите, каде му се подготвуваа стапиците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)