Книгите на Сјоран се пишувани повеќе години пред забрзувањето на Бургиба во историскиот пат и неговиот пад.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Колку што повеќе ја покажував својата налудничава храброст, јас како да сакав да ја доближам мојата мајка, татковината, а во суштина, итајќи кон Картагина, кон дипломатскиот подвиг, јас ја одложував средбата со својата Мајка, која ја задржував во мислите со зборовите кои одамна се готвев да ги напишам!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И настојував, читајќи го Сјоран, да се доближам до смислата на неговата Школа на тираните во проекцијата на видениот државен удар во Тунис, подоцна во доживеаните состојби на однесувањето и на други владетели до кои се доближија моите дипломатски мисии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)