донесе (гл.) - тој (зам.)

И ваа песја ќерка и магарица, каде не кршила глава, каде не ѓопала, и а донесе тој едноногиот во нашата куќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, ме донесе тој едноногиот вечерва во вашето село и ќе ми прошчавате што ви го расипа ќевот, ама, ете, секој со занаетот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аааа! демек ти Паленѕа, a? Ox, ох, ох! Токму донесе тој натемаго на нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се фатија некои и од милосниците на чаушите и сејмените, та ја донесе тој натемаго и црна Стојна Ѓупката, милосницата на Аќифа. И кај ќе се фати — до Проќа Толева.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Види, види, жити вера; само месо в куќи дошло. Така, де. Така.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбира пред него се направив незаинтересирана за тоа што донесе тој, и каде го остави, но едвај дочекав по попладневниот одмор да излезе да купува продукти за утре за ручек.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе пати го препрочитуваше писмото што поштарот го донесе тој есенски ден. 11.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нервозата што му го растреперува стомакот додека ја чека да му го донесе тој мирис, а од бањата се слушаат шурки вода...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не се знаеше ни кој, ни кога, ни зошто го донесол записот таен, на книга сочинет, и го оставил токму таму, и каква е смислата на буквите, и каква е смислата на тие дејанија – да се донесе тој запис токму во нашето царство, во нашата пречесна црква, и токму во таа подземна одаја кон истокот на светлината што гледа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А сето тоа време се мачеше да се завдаде во она, што го спремаше да му го донесе тој бел, заплиснат ден надвор, со тоа негово богато зрачење. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таквите пресврти Змејко за малку што не врескаше од својот прозорец, знаејќи за она кремено скаменување на снегот, што можеше да го донесе тој северен ветер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се воведе експлицитна обврска за работодавачот (без разлика дали одлуката за колективните отпуштања ја донел тој или лице кое врши контрола на работодавачот) навреме да ги обезбеди релевантните информации за: (1) причините за планираните отпуштања; (2) бројот и категориите на работниците што се отпуштаат; (3) вкупниот број и категории на работници кои се вработени и (4) периодот за кој планираните отпуштања треба да се случат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- Којзнае каква матежина ќе донесе тој!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)