Предметот во судот мируваше сѐ додека Китан повторно не достави барање да се разгледа неговата тужба.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
За едно друштво да може да учествува во распределба на квотата на работници треба до Министерството за труд и социјална политика да достави барање од трговското друштво, документ за регистрирана дејност во Централниот регистар на РМ или документ за тековна состојба на правното лице, потоа документ за вкупниот број на вработени во трговското друштво од кои најмалку десет работници да биле во работен однос на неопределено време најмалку 6 месеци пред пријавување на трговското друштво на јавниот повик, образец М1 и М2 за вкупниот број на вработени работници во трговското друштво, со преглед на пријави и одјави во задолжително социјално осигурување за друштвото издадено од Агенцијата за вработување на РМ, потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, потврда од надлежен суд дека не е отворена стечајна постапка и потврда од Централниот регистар на РМ дека не е поведена постапка за ликвидација. (чл. 5) Трговското друштво кое добило право на упатување е должно пред упатување на работниците во другата држава за работа по конкретен проект да достави до министерството надлежно за работите од областа на трудот: барање за добивање на согласност за упатување на работници кон кои приложува договор за работа со фирма од друга држава за конкретен објект со превод на македонски јазик и неговото кирилско писмо, меѓусебен договор кој мора да биде потпишан од работодавачот и работникот со кој се регулираат правата обврските и одговорностите на работодавачот и работниците кои се упатуваат на привремена работа во друга држава кои по правило треба да се исти како и на работниците во тоа друштво во земјата и список на работници кои ги упатува на работа со назначување на датумот од кога се во работен однос. (чл. 15) Со законот е превидено дека корисникот на правото на упатување е должен да ги почитува одредбите од договорот или спогодбата за 78 упатување како и општите прописи за работните односи во врска со испраќањето на работниците во друга држава. (чл. 18) Корисникот кој има право на упатување на работниците е должен писмено да го извести Министерството за труд и социјална политика за датата за започнување на користењето на ова право.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Колективниот договор, во ваков случај, може да се склучи по добивањето на известување од МТСП до синдикатот, односно работодавачите кои доставуваат барање за утврдување на репрезентативност на синдикатот односно работодавачите кои имаат најголем број членови (чл. 9 од ЗИДЗРО/јан.12); б) дополнително се уреди структурата на Комисијата (за утврдување на репрезентативноста), која и понатаму е составена од 9 члена, но сега на предлог на Владата, се избираат само 3 претставника, по еден од МТСП, Министерството за правда и Министерството за економија, а останатите 6 места се пополнуваат со именување на 3 претставника од страна на репрезентативните синдикати и здруженија на работодавачи (чл. 10 од ЗИДЗРО/јан.12).33 Беше избришан и противуставниот законски текст во чл. 213-в, кој регулираше дека синдикатот е должен да достави и пристапници од своите членови, како доказ за членство на работниците во соодветниот синдикат.34 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тоа го налути Китана и тој достави барање да продолжи спорот, да се истера правдата на видело.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
За остварување на тоа право законот предвидува посебна постапка за издавање на работна дозвола врз основа на барање на странец, при што странците имаат можност да достават барање за издавање на работна дозвола во дипломатско- конзуларните претставништва на РМ во странство (чл. 10).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Странците-жртви на трговија со луѓе стекнаа и право директно да достават барање за засновање на работен однос во Агенцијата за вработување (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
По добиеното барање за потребата на работниците Министерството за труд и социјална политика го доставува барањето до Агенцијата за вработување на Република Македонија, заради огласување преку центрите за вработување со определување на рокот за пријавување на заинтересираните кандидати.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)