Кога си отидоа Србите, а дојдоа Бугарите, Курназ не само што ја преименува трафиката во бутка, ами пак извади од дрвената нога друго пусулче, во кое сѐ пишуваше исто како во првото, само што место зборот „српско” стоеше „бугарско” а напати и „оплченско”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Што е ова писание, ба го мајката, вели Дуко Вендија, дојди Срби, - каде се Бугарите, дојди Бугарите - бараат Срби.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Летото подзастаре и тогаш дојдоа Бугари и Германци. В село. Се курдисаа по куќите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)